More

    Груби ја користел канцеларијата во Министерството за партиски состаноци

    spot_img

    Поради докази дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, Државната комисија за спречување на корупција најви дека ќе упати укажување до заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

    Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на Министерството често пати ги употребувал за одржување состаноци за партиски цели.

    – Фотографии и линкови од профилот на Фејсбук на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во Министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство – рече Ивановска.

    Имајќи предвид дека ваквото однесување не е во согласност со кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img