More

    Тринаесетгодишниот Коста жали што не ги убил сите кои му биле на списокот

    spot_img

    Тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ ги шокирал сите со своите ладнокрвни изјави откако го изврши масакрто во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград.

    – Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев – рекол Коста.

    Како што неофицијално дознава српски Курир, ова во разговор со работниците на Центарот за социјална работа (ЦЗСР) го изјавило момчето (13), кое е осомничено за најтешкиот масакр во Србија. За потсетување, ученик од седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ од Врачар, Белград, во средата во 8 часот и 40 минути влегол во училиштето вооружен со пиштоли и молотови коктели.

    Тој го уби Драган Влаховиќ, училишниот чувар и осум ученици, седум девојчиња и едно момче, додека ранил шест деца, како и наставничката по историја. Потоа сам се јавил во полиција од училишниот двор, се претставил по име, раскажал што направил и побарал да дојдат да го земат.

    „Јас сум психопат, морав да се смирам“, рекол тој, а потоа бил уапсен.

    фото: твитер/принтскрин

    Не им беше добро

    Според изворот на Курир.рс, додека момчето зборувало ладнокрвно, без трага на каење или сочувство за жртвите, за тоа како долго време го подготвувал злосторството, а пртиоа го подготвил планот и зошто ќе го стори тоа, работниците на ЦЗСР не можеа да го сокријат своето чудење.

    – Не се чувствуваа добро додека го слушаа – вели изворот на Курир. Како што објаснува тој, особено морничаво било кога момчето рекол „дека не ги ни жали убиените другари“.

    – Уживав да ги слушам нивните врисоци. Жал ми е што не ги убив сите на списокот, но кога излегов во дворот да го сменам патронот ми испадна ранецот со молотови коктели кои сакав да ги фрлам за да не може полицијата да влезе во училиштето додека не го завршам она што го започнав. Тогаш ме фати паника и сфатив дека најдоброто нешто што можам да направам е да повикам полиција. Го спуштив пиштолот и се јавив – наводно детално го опишал делото.

    Она што особено ги шокираше работниците на ЦЗСР при разговорот со малолетникот е тоа што тој практично признал дека некако уживал во делото, дека не само што свесно го планирал, туку и го сакал.

    – Момчето призна дека често гледал криминалистички филмови, серии, но и документарци за масовни убиства, дури и оние во училиштата. Тој бил особено опседнат со документарниот филм „Американска трагедија“ во кој се прикажува како страдаат мајките на жртвите, но и како страда мајката на убиецот поради тоа што го направило нејзиното дете. Тој документарец го гледал неколку пати и ја идентификувал мајката на убиецот со неговата мајка – вели изворот на Курир.

    Уживал во туѓата болка

    „Мајката на убиецот од документарниот филм ја идентификуваше со својата, бидејќи верувал „дека таа нема симпатии за неговите проблеми“. Всушност, тој сакаше да страдаат мајките на неговите убиени пријатели, како и неговата мајка. Тоа страдање, како и плачот на исплашените и ранети деца, го гледаше како еден вид надомест за неговата душевна болка“, вели изворот.

    Тој додава дека момчето верувало дека има проблем со општеството и околината, односно дека страда затоа што е исфрлено и отфрлено од општеството.

    – Тој не бил жртва на физичко насилство, а прашање е дали бил жртва на некој друг облик на врсничко насилство. Имал лично чувство дека децата од училиште не сакаат да се дружат со него, а мајка му тоа не го сфатила и разбрала – наведува изворот и додава дека момчето испукало меѓу пет и осум куршуми кон секоја своја жртва.

    – Не пукал случајно, пукал со цел да убие. Во текот на истрагата, во училиштето биле пронајдени вкупно 57 чаури и шест куршуми – открива изворот.

    Не може да оди во затвор

    И соговорникот на Курир.рс вели дека момчето толку добро го испланирал овој масакр што дури и ги земал предвид годините. Имено, по апсењето, полицијата на момчето му го одземала телефонот, но и компјутерите.

    – Со денови на Гугл го истражувал кривичниот законик, односно која е старосната граница за одење во затвор. Затоа и намерно го избрал овој момент за напад, бидејќи сфатил дека деца под 14 години не одат во затвор. Практично побрзал да го изврши кривичното дело пред неговиот 14 роденден, што е во јули, за да не може да биде кривично гонет – ни објаснува изворот, напоменувајќи дека момчето било сместено во психијатриска клиника.

    Инаку, токсиколошките анализи покажале дека тој во моментот на упадот во училиштето не бил ниту пијан, ниту под дејство на наркотици.

    „Криминални умови“ и „Прочистување“ му се омилени

    Како што дознава српски Курир, освен тоа што „пукал“ во видео игри и отишол на стрелиште, ова момче наводно тренирало и „ерсофт“, што е воено-тактичка симулација. Како што откриваат изворите, неговиот татко го носел на тренинзи и заедно симулирале пукање од реплика. Покрај овие хоби, тој сакал да гледа криминални серии и хорор филмови.

    – Постојано ја гледаше американската серија „Криминални умови“, во која тим агенти напорно работи на откривање на убиецот, кој „брилијантно“ го планирал, а потоа го извршил злосторството – вели изворот. Дека уживал во хорор филмовите говори и тоа што на Фејсбук објави слика од својот лик во виолетова боја, со крстови преку очите и зашиена уста. Оваа фотографија е базирана на хорор филмот „The Purge“ – ни велат извори за српски Курир.

    – Темата се темели на тоа што во еден град во Америка сите граѓани излегуваат на улица и имаат рок од 12 часа да убијат кого сакаат, луѓе колку сакаат и дека не можат да одговараат за тој чин – наведува соговорникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img