More

    Тага, неверување, цвеќиња и свеќи: Граѓаните утринава се уште оддаваат почит во Белград

    spot_img

    Пред основното училиште „Владисав Рибникар“ во центарот на Белград, граѓаните утринава палат свеќи и оставаат цвеќе за да им оддадат почит на учениците и на обезбедувачот кои на 3 мај беа застрелани од седмоодделенец К.К. (13).

    Како што јави репортерот N1, пред оградата на училиштето во улицата Његошева, во поголеми групи доаѓаат претежно средношколци.

    На нивните лица се гледа, како што вели, тага, неверување и шок. Веќе трет ден белграѓани не знаат целосно да ги дефинираат своите чувства, голем шок не погоди сите, посочува репортерот на N1.

    На тротоарите околу училишниот двор беа поставени голем број букети цвеќе, како и полнети играчки и рачно напишани пораки.

    Некои граѓани, но и претставници на синдикатот за образование, ги обвинија државните и градските власти што претходните денови не дојдоа на местото на трагедијата за да им оддадат почит на жртвите, дури и ако биле придружувани од обезбедувањето.

    За денеска трите репрезентативни синдикати на образованието најавија штрајк што ќе се одржи во самите училишта. Синдикатите најавија дека ќе престанат со работа за, како што наведоа, да се погледнат во очи и заедно да поразговараат за трагедијата што се случи.

    Почнувајќи од денеска во 15 часот во холот на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе биде отворена Книгата на жалост.

    Да потсетиме, К.К. (13), ученик во седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“, на 3 мај уби осум ученици и еден чувар. По повод трагедијата во училиштето во Врачар од денеска во Србија е прогласена тридневна жалост.

    Да потсетиме синоќа во Србија се случи уште едно масовно убиство. Напаѓачот У.Б. најпрвин пукал во селото Дубона, а потоа во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац. Убил осум лица, а ранил 14. Напаѓачот бил уапсен околу осум часот во близина на Крагуевац, во населбата Грошница, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img