More

    5 Мај – Ден на македонскиот јазик

    spot_img

    По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, надлежните институциии денеска организираат дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво. Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското  писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

    Во Националната опера и балет ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура.

    -На панел-дискусијата ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго – најави Министерството за култура.

    На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ; министерот за образование и наука Јетон Шаќири; амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир; како и Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

    Во организација на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, пак, ќе се одржи трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик – јазикот во и на медиумите“, а Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ организира настан  насловен „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската народна поезија“.

    По повод Денот на македонскиот јазик, а во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е најавено обраќање на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и ќе бидат прогласени наградените ученици и студенти од распишаниот Конкурс за најдобар есеј во три категории (основно, средно и високо образование).

    Како што најави Министерсвото за култура, во чест на одбележувањето на 5 Мај, денот кога Народната влада на Федерална Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик, ќе се одржат и неколку културни настани во Скопје.

    Во Музејот на македонската борба,во 18 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето.

    Во 19 часот на „Школка“ во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“.

    Во Кинотеката на Северна Македонија, пак, во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски, кој е првиот долгометражен документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески, најголемиот чувар на традицијата, историјата и македонскиот јазик. Своја проекција во рамките на овие настани, филмот „Јанѕа“ ќе има и следниот ден, на 6 мај, во Центарот за култура во Битола, од 20:00 часот.

    Влезот за сите настани е слободен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img