Со пригодна манифестација и положување на цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште во Ресен што го носи името на овој македонски револуционер, денес го одбележавме патрониот празник како и 120 години од неговото жртвување за Македонија.
На главната свеченост присуствуваа ученици, родители, просветниот кадар и претставници од образовните установи како и претставници на Локалната самоуправа на Општина Ресен.
На овој ден му оддаваме почит на нашиот патрон, еден од најголемите синови на Македонија.
Визионер, национален херој, апостол и деец на неговата револуционерна, но пред се духовна борба, на неговите заложби за цивилизациски напредок, единствен начин да му се оддолжиме е да го продолжиме неговиот пат, онака како што тој ги постави основите – како натпревар на мисли и идеи кои водат кон напредок и подобро утре.
Вечна слава – Гоце Делчев
( 04.02.1872 – 04.05.1903)