Амбасадорот по само 2 години вратен од Прага

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На македонскиот амбасадо во Прага, Сашко Тодоровски, му е скратен мандатот и тој е вратен во Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите.

Како причина за оваа одлука Османи наведе слабостите во работата на Тодоровски.

– Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од МНР и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци – рече Османи.
Претседателот Стево Пендаровски веќе потпишал указ за отповикување на амбасадорот Тодоровски. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека на почетокот на годинава Тодоровски писмено доставил оставка на позицијата амбасадор на РСМ во Прага.

Сашко Тодоровски беше вратен и од Стразбур, додека беше шеф на мисијата во Советот на Европа, а тој потег беше дочекан како обид на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги замолчи критиките. Сопруга на Тодоровски е Мирјана Најчевска, екс претседателка на Хелшинскиот комитет, која е чест и остар критичар на власта.

Тодоровски беше и претседател на синдикатот на МНР, а амбасадор во Прага беше од март 2021 година.

Share This Article