Доверливиот германски весник „Билд“ утринава објави дека Сенегалецот Садио Мане по само една сезона ќе ја напушти „Алијанц Арена“.
Билд тврди дека фудбалерот и Баерн се договориле за взаемно раскинување на соработката, а се ќе биде потврдено по крајот на сезоната.
Мане пристигна во баварскиот тим како големо засилување од Ливерпул во трансфер вреден 35 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
31-годишниот Сенегалец имаше и незгодна повреда поради која го пропушти Мундијалот, а по враќањето на теренот предизвика неколку скандали.
Прво се скара со тренерот Нагелсман, а потоа физички го нападна Лерој Сане по натпреварот од Лигата на шампионите.
Мане оваа сезона одигра 35 натпревари за Баерн, постигна 12 гола и забележа 5 асистенции.
Како следна дестинација се споменуваат Ливерпул, Челзи или Пари Сен Жермен…