Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Хрватска поради трагедијата во Србија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Грозоморниот масакр што се случи вчера во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, ја потресе целата нација и регионот, а познати личности изразуваат сочувство до семејствата на жртвите во овој трагичен настан.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ донесе одлука да го откаже својот концерт кој требаше да се одржи во Хрватска, во знак на почит кон жртвите.

„Драги пријатели, длабоко сум потресена од трагедијата што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“. Одлучив да го откажам концертот што требаше да се одржи викендов во аквапаркот во Хрватска. Мислам дека следните неколку дена треба да ги поминеме во тишина и молитви за настраданите. Моето најискрено сочувство и солидарност во болката за семејствата на загинатите деца и работниците во училиштето“, напишала Марија.

И хрватската пејачка Северина Вучковиќ го откажа концертот што планираше да го одржи деновиве во Белград.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article