Медлин Олбрајт, првата жена на позицијата американски државен секретар, почина на 84-годишна возраст, јавува Си-Ен-Ен. Веста за смртта беше потврдена во е-пошта од групацијата Олбрајт Стоунбриџ, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.
Семејството на Олбрајт на Твитер објави дека ракот е причина за смртта на поранешната американска државничка.
Олбрајт беше главна фигура во администрацијата на американскиот претседател Бил Клинтон, прво дејствувајќи како амбасадор на Обединетите Нации, а потоа стана главен американски дипломат. Си-Ен-Ен наведува дека Олбрајт придонела за проширување на НАТО и дека се борела да го запре ширењето на нуклеарното оружје.
Олбрајт беше државен секретар на САД во времето на НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.