Во пожарот што избувна претходната ноќ во Брно, вториот по големина град во Чешка, загинаа осум лица, соопшти полицијата.
Пожарот избувнал околу два часот по полноќ, а чешката јавна телевизија објави дека животот го загубиле бездомниците кои ноќта ја минале во импровизиран засолниште.
Спасувачите не нашле повредени.
Полицијата и пожарникарите истражуваат што го предизвикало пожарот.