More

    Од 1 октомври годинава цените на мобилниот интернет меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе бидат пониски

    spot_img

    Од 1 октомври годинава цените на мобилниот интернет меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе бидат пониски.

    Ова го договорија претставниците на Европската комисија (ЕК), Регионалниот совет за соработка (РЦ) и мобилните оператори од Европската унија и од Западен Балкан.

    Тие се согласија цените на тарифните додатоци и специјалните тарифни пакети меѓу ЕУ и Западен Балкан да бидат пониски од редовните тарифни пакети.

    Тоа значи дека граѓаните на Западен Балкан ќе можат да користат тарифни додатоци или специјални тарифни пакети преку кои мобилниот интернет во роаминг ќе стане попристапен, со цени што се значително пониски од цените во редовните тарифни пакети.

    Намалувањето на цената ќе се воведува постепено, низ неколку фази, завршувајќи во 2028 година, со цел да се создадат уште поповолни тарифи во роамингот, а најавеното намалување на цената во октомври е првата фаза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img