More

    Пендаровски добил покачување од 72.000 денари, а Спасовски сѐ уште не си ја проверил сметката

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска за медиумите потврди дека добил за 78% повисока плата за месец април, откако Уставниот суд ги укина законските ограничувања.

    – По ново ми легнаа 165.000 денари на сметка, а порано земав 93.000 денари плата. Тоа го објавија сите медиуми – потврди кратко шефот на државата пред новинарите.

    Платата од 165.000 денари беше претходна пресметка што се добива од множењето на ланската просечна плата со неговиот коефициент според функцијата што ја извршува.

    Министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека сѐ уште не ја проверил состојбата на банкарската сметка за да може да каже дали има покачување на платата.

    Највисоки плати ќе добиваат премиерот Димитар Ковачевски, министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери, и пратениците, како и градоначалниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img