More

    Адвокатот Предраг Савиќ истакна дека доколку малолетниот К.К. осомничениот кој утрово уби девет лица во престрелката во основното училиште „Владислав Рибникар“, нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

    spot_img

    Адвокатот Предраг Савиќ истакна дека доколку малолетниот К.К. осомничениот кој утрово уби девет лица во престрелката во основното училиште „Владислав Рибникар“, нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара.

    Како што прецизира Савиќ во изјавата за Танјуг, доколку осомничениот е над 14 години се постапува како малолетник и како најстрога казна може да му се изрече посебна мерка, а доколку се утврди дека има ментално растројство, може да му се изрече мерка за лекување во посебна установа.

    Законот за малолетници, исто така, предвидува дека постар малолетник може да биде осуден на пет години затвор.

    Адвокатот нагласува дека во Србија старосната граница за кривична одговорност е 14 години, додека во некои земји таа граница е 12 или 10 години, како во Англија.

    Според Савиќ, како дел од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската унија било споменато дека во Србија треба да се намали старосната граница, но тоа не се случило.

    – Во некои земји дури и родителите во вакви случаи можат да одговараат за кривично дело убиство, додека кај нас законот не го предвидува тоа – посочи адвокатот.

    Тој додаде дека во некои држави во САД малолетниците можат да бидат осудени на смрт, а нивните родители да одговараат за кривично дело убиство.

    Родителите на детето кое го сторило ова кривично дело можат да одговараат за кривично дело запуштање на детето за кое е предвидена казна затвор до три години, а можат да одговараат и по граѓанска тужба од страна на родителите на повредените деца.

    Исто така, родителите на ранетите и убиените деца ќе можат, освен родителите на осомничениот, да го тужат училиштето и осигурителната компанија доколку децата биле осигурани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img