Милика Ашанин, директорка на Универзитетскиот клинички центар на Србија, изјави дека сите пациенти примени во Ургентниот центар во моментов се во операционите сали.
Како што наведе, по 9 часот пристигнале четворица пациенти и една наставничка.
Еден ученик е донесен во тешка општа состојба, префрлен е на клиниката за реанимација, а потоа во операциона сала со сериозни прострелни рани во градниот кош и вратот, додаде Ашанин.
Едно момче е рането во левата потколеница, едно девојче со прострелни рани во стомакот и двете надлактици, пријавил лекарот.
Наставничката, додаде, има прострелни рани во стомакот и двете раце, а има 53 години.
Сите се во операционите сали, а операцијата на една ученичка е при крај, додаде Ашанин