Министерот за образование зборуваше пред Националната комисија за учебници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на првата конститутивна седница на Националната комисија за учебници формирана од Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во просториите на МОН.

– Како министер задолжен за непречено одвивање на образовниот процес Ви нудам отворена соработка, секогаш ќе бидам достапен за надминување на евентуални ситуации и проблеми што би се наметнале во текот на работењето. Важно е да се работи тимски, зашто само така ќе стасаме до успешни резултати – рече министерот пред членовите на Комисијата.

ВД директорката на Педагошката служба, Вангелија Велева повикувајќи се на досегашното искуство од работењето укажа дека процесот на создавање еден учебник е долг и гломазен, најчесто заглавен низ лавиринти што не зависат од вработените, но должност и обврска на МОН и Педагошката служба е да помогнат во процесот на продуцирање квалитетни учебници.

Share This Article