Тренерот на Реал, Карло Анчелоти повторно демантираше дека по крајот на сезоната ќе ја преземе бразилската репрезентација, пренесуваат шпанските медиуми.
Анчелоти има договор со Реал до 30 јуни 2024 година. Бразил моментално е без селектор, бидејќи Тите доби отказ по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Раководството на Фудбалската федерација на Бразил веќе неколку пати најави дека сака Анчелоти да ја преземе репрезентацијата на „Кариока“ на крајот од сезоната.
„Нема да зборувам за иднината, но приказните дека имам рок се глупости. Рок нема, бидејќи никогаш со никого не сум ни разговарал за преземање на бразилската репрезентација. Време е тие приказни да престанат“, изјави Анчелоти.
Реал вчера беше поразен со 2:0 на гостувањето кај Реал Сосиедад и се уште е подалеку од шампионската титула.