На 02.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Куманово.
Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници.
Д.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.