Ученик од седмо одделение (14) е уапсен по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар поради сомнение дека пукал во училиште со пиштолот на неговиот татко, при што убило едно лице, а ранил неколку други, јавуваат медиумите.
Пред основното училиште во Врачар во моментов има голем број полициски екипи, неколку амбулантни возила, како и многу загрижени родители.
Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.
Медиумите јавуваат дека момчето со пиштолот на татко му го застрелало поранешниот учител, го убил чуварот, а бројот на ранети се уште не е познат.
Шокантни се сцените пред училиштето, учениците се вознемирени поради се што се случи. Шокирани родители пристигнуваат и пред училиштето.