Познатиот актер Кевин Костнер и неговата сопруга Кристина Баумгартнер се разведуваат по 18 години брак. Како причина за разделбата, Кристина ги наведе непомирливите разлики.
Сега веќе поранешната сопруга на Костнер побара заедничко старателство над нивните три деца, Кајден (15), Хејс (14) и Грејс (12).
Актерот поднесе одговор за разводот, а тој како и Кристина побара заедничко старателство над нивните деца.
Костнер (68) и Кристина (49), која е поранешен модел и моден дизајнер, почнаа да се забавуваат во 2000 година, а се венчаа четири години подоцна.
„Со голема тага ве известуваме дека се случија работи надвор од негова контрола, а кои резултираа со тоа што г-дин Костнер мораше да учествува во постапката за развод“, рече неговиот претставник.
„Бараме да се почитува неговата, приватноста на Кристина и нивните деца додека минуваат низ овој тежок период“, се заклучува во соопштението.
„Издршката од брачниот другар ќе му биде исплатена на подносителот на барањето во согласност со условите од предбрачниот договор на страните“, рече Васер, укажувајќи дека постои предбрачен договор меѓу Костнер и Баумгартнер.
TMZ прво ја објави веста за разводот.
Костнер претходно беше во брак со Синди Силва од 1978 до 1994 година и имаат три деца – Ени (39), Лили (36) и Џо (35), пишува Daily Mail.