Радио Слободна Европа пресмета колку ќе изнесуваат зголемените функционерски плати за месец април.
Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70.000 денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и на потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60.000 денари, а на министрите и пратениците за околу 56.000 денари.
Највисока априлска плата ќе земе спикерот Талат Џафери – 2.700 евра (166.207 денари). Само 25 евра помалку (164.817 денари) ќе биде платата на претседателот Стево Пендаровски, кој изјави дека е „невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет“.
Премиерот Димитар Ковачевски ќе земе 156.482 денари или 2.540 евра.
Еве го инфографикот на РСЕ со највисоките функционерски плати: