Пролеаната крв не смее да се заборави, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до срспскиот народ пред средбатаво Брисел со косовскиот премиер Албин Курти.
– Веќе неколку дена Куртиу води валкана кампања против Србија. И тој и сите негови помошници. Слушаме закани за Србија и потсетувње на некои дамнешни времиња, а забораваат дека Србите се бореа за слобода и против терористите и агресијата на НАТО. За мене е важно дека пролеаната крв не смее да се заборави, тоа јас ќе го имам на ум велерва – реле Вучиќ пред средбата со Курти.
На преговарачката маса на состанокот меѓу Вучиќ и Курти, кој ќе почне во 18 часот, ќе има две теми – нацрт-статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) и Декларацијата за исчезнати лица.
На состанокот закажан точно 45 дена по последната средба во Охрид, кога беше договорен Анексот на Европскиот договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, двете делегации ќе разговараат со посредство на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и во присуство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.