Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во интервју за Макфакс тврди дека биле суспендирани вработени во казнено-поправната установа поради ископаниот тунел.
– Има суспендирани, но не можам да кажам за колку вработени станува збор и други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот – кажа Јовановски.
Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а МВР соопшти дека за него дознале два месеци претходно.
Во копањето учествувале најмалку осум затвореници осудени за сериозни кривични дела.