Пикси загуби уште еден играч: Спајиќ заразен со круната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот фудбалер Урош Спајиќ е заразен од корона вирусот поради што ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата против Унгарија и Данска.

„По редовното тестирање извршено по пристигнувањето во Стара Пазова, утврдено е дека репрезентативецот на Србија, Урош Спајиќ е позитивен на вирусот Ковид-19“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Спајиќ ќе го продолжи престојот во Србија согласно медицинските прописи и протоколи, а нема да му биде на располагање на селекторот Дрган Стојковиќ за пријателските натпревари против Унгарија и Данска.

Како што се додава, сите останати играчи и членови на стручниот штаб се негативни.

Претходно во текот на денот селекторот Драган Стојковиќ најави дека Никола Миленковиќ најверојатно ќе го пропушти дуелот со Унгарија.

Од поодамна е познато дека во тимот ќе го нема Душан Влаховиќ, кој веќе се врати во Италија поради повреда.

Дуелот меѓу Србија и Унгарија е на програмата во четврток од 19 часот и 30 минути. Орлите потоа ќе се соочат со Данска во вторник.

Share This Article