Државната Дума денеска усвои закон со кој на учесниците во „воената операција“ во Украина им се доделува статус на воени ветерани.
Претходно овој статус го имаа ветераните од војните во Авганистан, Чеченија и во Сирија, што овозможува различни бенефиции, но и месечни приходи. Нацрт-законот беше предложен од владејачката партија Единствена Русија.
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин изјави дека олеснувањата се однесуваат на плаќање данок, транспортни, катастарски и комунални обврски.
Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари почна воена операција за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина.