More

    Серена Вилијамс на црвениот тепих на Мет Гала објави дека е повторно бремена

    spot_img

    На престижниот моден настан Мет Гала во Њујорк, каде што пристигна со својот сопруг Алексис Оханијан, Серена Вилијамс објави дека го чека своето второ дете, порачувајќи им на новинарите дека „три од нив пристигнале“ на настанот.

    Познатата тенисерка и 23 пати победничка на Грен слем, минатата година објави дека има намера да се „пензионира од тенисот“ и за американскиот Вог откри дека сака да го прошири своето семејство. Во 2017 година ја роди ќерката Олимпија.

    „Бев толку возбудена кога Ана Винтур не покани тројцата на Мет Гала“, рече Вилијамс во објавата на TikTok во понеделникот вечерта.

    Вилијамс, долгогодишен пријател на главниот уредник на Вог и копретседател на Мет Гала, Ана Винтур, е чест посетител на престижниот моден настан чии приходи одат во Институтот за костими на музејот Метрополитен.

    На црвениот тепих оваа година беше колегата на Серена, победникот на 20 Грен слем турнири, Роџер Федерер, кој присуствуваше на Мет Галата како копретседавач на настанот.

    Темата на годинешната гала вечер беше „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“. Името го доби во чест на починатиот моден дизајнер Шанел и беше посветено на придонесот на Лагерфелд во светската и американската мода.

    Ексцентричниот дизајнер почина во 2019 година.

    На снимката од црвениот тепих се гледа како Оханијан, претприемачот и ко-основач на Редит, нежно ја става раката на стомакот на својата 41-годишна сопруга.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img