Пациент паднал од зградата на геријатрија во Скопје, вчера попладне, соопшти полицијата.
Како што наведува полицијата, вчера во 18.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од селото Иванковци, Велешко, паднал од висина.
Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.