More

    Завојуваните генерали во Судан ќе седнат на маса

    spot_img

    Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои претставници на преговори, веројатно во Саудиска Арабија, изјави висок претставник на Обединетите нации.

    Тоа се случува во услови на тековни судири во главниот град Картум, и покрај уште едно тридневно продолжување на прекинот на огнот.

    -Разговорите првично ќе се фокусираат на воспоставување „стабилен и веродостоен“ прекин на огнот надгледуван од „национални и меѓународни“ набљудувачи – изјави од Порт Судан Волкер Пертес, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за Судан.

    Пертес предупреди дека логистиката на разговорите сѐ уште се разработува. Засега само војската објави дека е подготвена да се приклучи на разговорите, без јавна изјава од нејзиниот ривал, паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

    Какви било разговори меѓу двете страни би биле првиот сериозен знак за напредок од избувнувањето на конфликтот на 15 април, во кој суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, се бори за превласт и моќ против СПД, предводена од Генерал Мохамед Хамдан Дагало.

    Најмалку 528 луѓе се убиени, а 4.599 се ранети од почетокот на борбите, соопшти суданското Министерство за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img