More

    ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Ова е Македонија за сите“

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Ова е Македонија за сите“. Изминативе три дена 19 тима со 200 луѓе беа во посета помеѓу граѓаните.

    Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, беше во посета на населените места Пинтија, Драчево, Припор и Усје. На средбите граѓаните потенцирале дека се потребни промени и дека Македонија мора да се претвори во просперитетна земја.

    – Граѓаните бараат промена на централната власт. Граѓаните во Драчево бараат нова влада, влада која што нема да биде синоним за криминал и корупција. Граѓаните бараат план програма, чесност, граѓаните бараат надеж – нагласи Муцунски.

    Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше во посета на повеќе населени места во општината Ѓорче Петров каде што беше истакнато дека со оваа власт на ДУИ и СДСМ, Македонија тоне, а власта сака да украде милијарди преку изградбата на коридорите.

    – Нема економија, нема здравство, Македонија тоне пореди СДС и ДУИ. ДУИ ја води државата а СДС мора да биде со нив за некој месец плус да остане на власт. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, затоа е најважно ВМРО-ДПМНЕ да победи – нагласи Мисајловски.

    Тим предводен од пратеничката Рашела Мизрахи беше во посета на повеќе населени места во општина Кратово. На средбите се разговараше за проблемите кои поради неспособната корумпирана и одродена власт продираат во секој дом, семејство и поединец.

    – Народот е гневен и ја одбројува секоја минута до изборите со кои ќе ја урне тиранијата на ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС. Да ја градиме Македонија заедно, да обновиме се што е разурнато, да оживееме како феникс, да го вратиме нашето достоинство. Затоа што ова е нашето дома, нашето минато и нашата иднина – рече Мизрахи.

    Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков д беше помеѓу жителите на Горни и Долни Подлог, Грдовци и Бели во Кочани, каде заедно со граѓаните се разговараше за проблемите кои ги мачат луѓето во Македонија, постојаното иселување, и како што рече „во една година додека неизбраниот премиер е на функцијата над 20.000 луѓе се иселија“.

    – Над 300-400% се зголемија цените на репро материјалите и трошоците кои ги имаат за земјоделието. Сето ова ни укажува дека време е за обединување и конечна победа во Македонија, со вистински избрани народни претставници кои имаат само една идеја и мисла, а тоа е јавниот интерес – рече тој.

    Тимот предводен од координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски ги посети населените места Лесковица, Драгоево и Лакавица при што жителите истакнаа дека централната власт ги има заборавено.

    –  Од наша страна во нареден период при првиот ребаланс на буџет ќе бидат вметнати во вид на амандмани и сето ова во насока на подобрување на квалитетот на живот, заживување на овие населени места и зошто да не, размислување и за повраток на млади луѓе во овие населени места – рече Мицевски.

    Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.

    – Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока – изјави Милошоски.

    Тим предводен од Владимир Ѓорчев, челен на ИК ги посети населените места Петрово, Миравци, Давидово, Милетково, Смоквица и Прдејци каде што од човек на човек, од куќа до куќа остварија средби со жителите.

    – ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во наредните шест недели ќе одиме во повеќе од 200 населени места да ја вратиме надежта во Македонија, да се бориме за Македонија – истакна Ѓорчев.

    Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион. Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација.

    – Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните, пред сѐ, во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да нѐ слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција – истакна Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img