Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека продолжува да го истражува инцидентот со нападот на судијата на фудбалскиот натпревар во Премиер лигата за мажи меѓу Гринакр Иглс и Педстоу Хорнетс во петокот вечерта.
Полицијата го истражува ужасниот напад врз судија во Сиднеј, кој е снимен на камера.
Дејли Телеграф најпрвин објави дека судијата на натпреварот се здобил со скршеница на вилицата и му исфрлиле четири заби како резултат на нападот. Тој е на лекување откако беше префрлен во болницата во Ливерпул во југозападен Сиднеј.
Весникот објави дека наводниот напаѓач бил суспендиран играч кој присуствувал на натпреварот како гледач.
Погледнете го видеото подолу, предупредување за вознемирувачка содржина: