More

    Шефот на Вагнер предупредува дека им недостига муниција

    spot_img

    Водачот на приватната руска воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека неговите луѓе кои се борат во Бахмут, во источна Украина, немаат муниција и предупреди дека украинската контраофанзива може да се претвори во „трагедија за Русија“.

    -Ние (Вагнер) имаме само 10-15% од муницијата што ни е потребна – рече лидерот на Вагнер во разговор со воениот известувач Семјон Пегова, кој е близок до Кремљ.

    Пригожин, кој го обвинува врвот на руската армија за недостатокот на муниција, рече дека очекува украинска контраофанзива во средината на мај.

    -Таа контраофанзива може да се претвори во трагедија за нашата земја – предупреди тој.

    Пригожин е во отворен конфликт со руското воено раководство, кое го обвинува дека намерно не доставува доволно муниција на неговите луѓе, и неколку пати јавно го нападна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

    Украина оваа недела објави дека е при крај со подготовките за контраофанзива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img