More

    Вучиќ и амбасадорот Хил заедно се радуваа

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја отвори делницата „Моравски коридор“, од Појат до Макрешан, долга 17 километри, од автопатот што го градат „Бехтел и Енка“ и британската агенција „УК експорт фајнанс“.

    Вучиќ рече дека автопатот ќе биде важен за сите луѓе кои ќе одат на најпосетуваните туристички места од Белград. Тој објасни дека на речиси 17 километри автопат што денеска се отворени, има 7 моста, 3 надвозници, 6 столбови од плочи и 3 потпорни ѕидови. Овој автопат е најширок во Србија и на него ќе може да се патува со брзина до 130 километри на час.

    На церемонијата говореа и американскиот амбасадор Кристофер Хил и британскиот амбасадор Шан Меклаод, кои го изразија своето задоволство што во овој потфат учествуваат „Бехтел и Енка“ и „УК експорт фајнанс“.

    „Во личниот и професионалниот живот на еден поединец, но и на еден народ, важно е секогаш да се стремиме кон најдоброто, горд сум затоа што американската компанија ѝ го даде на Србија најдоброто“, рече Хил.

    Претходно Вучиќ, заедно со амбасадорите, со премиерката Ана Брнабиќ и со неколку министри, ја поминаа трасата на новиот пат во отворен автобус.

    До октомври треба да бидат завршени уште 10,7 километри до Кошево, што ќе го поврзе Крушевац со автопатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img