Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови, ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, информираше УХМР преку соопштение.
„Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Во следните денови времето ќе биде потопло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места“, наведено е во соопштението на УХМР.