Во амбасадата ќе замине потполковник

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словенечката влада не успеа да убеди ниту дипломат да замине доброволно во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми.

Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана.

Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев.

На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ.

Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено-дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ.

Share This Article