22 години од загинувањето на хероите кај Вејце

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска (28.04.) по повод годишнината од херојското загинување на осумината припадници на македонските бебедносни сили кај селото Вејце, тетовско, на 28.04.2001, делегација од Министерството за внатрешни работи предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски, заедно со началникот на ОСПО Митко Даневски и помошникот началник на СВР Тетово Ивица Михајлоски, во име на министерството и на неговите вработени, положи цвеќе пред спомен плочата на местото на трагичниот настан.
Комеморијалниот настан со којшто се одбележа 22-годишнината од херојската смрт на македонските бранители: Роберт Петковски (27) од скопско Бунарџик, Игор Костески (26) од Кисела Вода, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Марјан Божиновски (27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски (24) од битолско Породин, Бошко Најдовски (25) од битолско Долно Оризари, и Кире Костадиновски (24) од битолско Горно Оризари, беше организиран од страна на Одборот на бранители на Македонија.

Share This Article