Кинескиот претседател морал да ја испегла реченицата на свој амбасадор

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Долгоочекуваниот телефонски повик кој се случи меѓу Си Џинпинг и Володимир Зеленски можеби бил само кинеска тактика да се намали штетата која ја предизвикаа изјавата дека „Крим е руски“ на кинескиот амбасадор во Франција, Лу Шаје, вели статија во Гардијан во која се пренесени ставовите на кинески и западни аналитичари.

Да потсетиме, Шаје, освен што рече дека Крим е руски и дека „Хрушчов им го нудеше на Украинците“ рече и дека поранешните советски републики немаат „ефективен суверенитет“. Франција веднаш побара одговор од  Кина за скандалот, велејќи дека Кина била една од земјите кои во 1991 година ја признаа Украина за независна.

Според мислењето на Јуриј Поита, експерт за односите меѓу Украина и Кина во Центарот за армиски студии, е дека телефонскиот разговор е итен обид да се поправи штетата на Лу Шаје и да се создаде приказ на конструктивност.

Сепак, можно е и Си да одлучил да заѕвони бидејќи „Украина подготвува контраофанзива, а по неа може да започнат преговорите со Русија“, вели тој.

– Затоа, Кина сега се обидува да создаде можност за преговори со нејзино учество, што, според нејзиното мислење, ќе ѝ овозможи да влијае на нивните резултати – вели експертот.

За време на повикот, Си понуди да испрати делегација во Украина за да разговара со сите страни за решавање на конфликтот. Некои аналитичари толкуваа дека повикот Си-Зеленски е почеток на кинескиот план за седнување на Украина на преговарачкото столче, преговори за кои можеби потајно се залага и Франција.

Во февруари, Пекинг објави предлог од 12 точки за мир, но не ја консултираше Украина за тоа.

Д-р Зуза Ана Ференчи, доцент на тајванскиот национален универзитет Донг Хва, рече дека коментарите на Лу ја продлабочиле европската недоверба кон Пекинг, но „не биле целосна катастрофа“ за Си.

– Тоа, исто така, создаде уште една можност да се пренесе порака за домашна потрошувачка, да се обликува кинеското јавно мислење со лажни тврдења дека Европа не ја разбира ниту ја почитува Кина како голема сила и дека е Европа е „анти-Кина“, како што покажа интервјуто – рече таа.

- Advertisement -
Ad image

Ференци рече дека содржината на повикот, според двојните читања, веројатно нема да направи многу за да ги промени европските перцепции за „неутралноста“ на Кина.

Таа истакна и дека во повикот Си нигде не спомнал војна или дека ја осудува Русија, а од друга страна дека Зеленски ја потврдил посветеноста на Украина на политиката „Една Кина“, која им дава легимитет на претензиите на Кина кон Тајван.

– Телефонскиот повик бил јасно воден од личниот интерес на Кина – заклучува таа.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article