Главната цел е давање на поддршка за побрзо спроведување на иновативни општински решенија во Република Северна Македонија со користење на искуства од земјите-членки на ЕУ.
Во соработка со БДУ – Германската асоцијација за менаџмент консалтинг (Bundesverband Deutscher Unternehmensberatungen) која е најголемата организација што ја претставува германската консултантска индустрија со 34,6 милијарди евра приход и 230.000 вработени. Пет консултанти од Асоцијацијата се обврзаа на про боно ангажман за време на оваа конференција, како и за одржување на дополнителни 3 локални работилници во Велес, Кавадарци и Охрид.
Презентациите на најдобрите општински практики од Германија ќе бидат реализирани од страна на германските експерти:
Каи Хаке, извршен директор на Асоцијацијата, тема: „Како да се работи со консултанти: Деловна етика, критериуми за квалитет, добро владеење“
Мајкл Хофнагел, поранешен градоначалник на Таунусштајн, тема: „Придобивки од меѓуопштинската соработка: Формална и неформална соработка, институционална поставеност, вклученост на приватниот сектор, дигитални услуги за студија на случај, туристички регион за студија на случај“
Кристијан Лејер, експерт за градење на дигитални стратегии, тема „Општинска дигитализација сега: „Фактори за успех на дигитализацијата, соработка наспроти конкуренција, технички и правни аспекти, сајбер безбедност, стратегија за имплементација, студија на случај за дигитален сервисен центар“
Кристина Плоц / Јоханес Брунинг на тема „Еден билет за сите: Улогата на здруженијата за јавен транспорт и центрите во креирање на нов вид на превоз; урбана мобилност, поделба на приходите меѓу операторите, студија на случај „Германски билет“
За време на настанот ќе биде претставена и Бонската декларација за интегритет на консултантски услуги за јавни клиенти изготвена од БДУ – Германската асоцијација за менаџмент консалтинг, а која има за цел градење на етички односи помеѓу јавните институции, приватните компании и индивидуалните консултанти.
Во текот на овие два дена германските експерти одржуваат активности со работни состаноци во Скопје, како и во општините Велес, Кавадарци и Охрид.
Повеќе инфо за Програмата:
„ЕУ за општините“ е програма на Европската Унија која директно ги поддржува локалните самоуправи во Северна Македонија преку грантова шема со вкупна вредност од 5 милиони евра, а која им овозможи на 8 општини да добијат грантови финансирани од ЕУ во износ до 800.000 евра. Целта на Програмата е да обезбеди поддршка на општините за подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти, како и да придонесе кон локалниот економски и социјален развој на општините преку воведување иновации во развојот на нивните политики, планирањето, управувањето и капацитетот за испорака на услуги. Европската Унија обезбедува 85% кофинансирање за овие грантови, додека Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка кофинансираат до 15% од вкупните прифатливи трошоци на овие проекти.