Претставик на Србија не се појави на гласањето за Косово да биде член на Советот на Европа на седницата во Обединетите Нации, а српските медиуми веднаш почнаа да прашуваат дали ова е нова промена во надворешната политика на земјата. Она што остана од синоќешната седница пак, е драматичната расправија меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и министерката за надворешни работи на Косов, Доника Гервала Шварц, кои меѓусебно се нарекоа „малиот Слоба“ и „граѓанката Гервала“.
Грција изненади со „за“, Брнабиќ сега не ја посетува
Косово стана член на Советот на Европа со 122 гласа „за“ и пет „против“. Ивица Дачиќ изјави дека гласањето ги поделило земјите и дека е отворена „Пандорината кутија“. Грција изненади со своето „за“, а премиерката Ана Брнабиќ поради ова го откажа своето патување во земјата на Самитот од Делфи.
Но, во салата освен Србија не беа присутни ни претставници на Азербејџан, Бахамите, Боливија, Бенин, Босна и Херцеговина, Буркина Фасо… За време на гласањето, освен Србија, во салата не беа присутни Бурунди, Габон, Гамбија и Хаити.
Негласањето и прифаќањето на „новата реалност“
Тоа не беше причина да не се крене јавноста во Србија. Драган Шормаз од партијата СНС на Вучиќ на Твитер напиша:
„Не бевме во сала?! Некој не си ја работи работата и добива плата во долари?! Имаме ли нешто против соработката на ОН и Советот на Европа?! Самоизолација?! Да не се брукаме повеќе“, напиша тој.
Порталот Н1 ја крепи тезата за промена во надворешната политика на Србија бидејќи претседателот Александар Вучиќ во изјава ги најавил тие промени. Дали негласањето е исто што и прифаќање на „новата реалност“ на Косово, за која Дачиќ и Ѓервала толку жестоко дебатираа?
Вие сте старата Србија
Освен што го реле де „малиот Слоба“ Ѓервала рече дека Дачиќ ќе мора да им објасни на Србите како „засекогаш го изгубил Косово“ во 1999 година, наместо да ја користи реториката од 80-тите и 90-тите години.
– Вие сте старата Србија, Србија на Милошевиќ, вие не сте новата Србија и на регионот и на Европа ѝ треба друга Србија. Со вас, Србија знае дека не може да оди во Европа и во подобра иднина за своите граѓани – рече таа.
Јас сум тука, а Тачи каде е?
Додека Ивица Дачиќ тврдеше дека косовскиот премиер не сака да формира ЗСО, туку да ги „избрка Србите“, Доника Гервала му одговори со обвинување дека заедно со српскиот претседател е „соучесник во геноцидот“ со „крвави раце“ за што ќе одговара, пишува КоССев. Тој ѝ рече дека нејзините раце се крвави цитирајќи нејзина изјава во која рекла дека „треба да се подготвиме косовското прашање да се реши со вооружени средства“.
Тој ги спомна и случаие кои се водат во судот во Хаг против функционери од Косово.
– Јас сум тука, а Тачи каде е. Зошто не бев обвинет јас или Вучиќ, дека имаме некаква одговорност? Бидејќи ние не учествувавме во тоа, а вие, ви благодарам за помошта во обвинувањето на Тачи и Весељи.
Ѓервала одговори:
– Цврсто верувам дека ќе покаже и дека ги имаат сите аргументи дека ОВК, тој и другите обвинети се невини – рече Гервала.
Коментирајќи ги конкретно обвинувањата дека Србија извршила геноцид на Косово, Дачиќ потсетува дека во градовите јужно од Ибар нема повеќе Срби, дека во Приштина живееле 40.000 Србија, во Призрен 10.000, а „сега има 23 или 25“.
Ќе молчеше ли Србија во ОН да беа чекорите различни?
Дачиќ во Њујорк изјави и дека Србија нема никогаш да ја признае независнота на Косово или пак членство во Обединетите Нации. Ден претходно, тој изјави дека прво нешто во Охридскиот договор е формирањето на ЗСО, Заедницата на српски општини на Косово.
Двајца политички аналитичари за Н1 велат дека дека Србија можеби и немаше да молчи на гласањето во ОН ако прво не го прифатеше германско-францускиот предлог, односно договорот од Охрид. Тие се согласни дека Србија нема стратегија во однос на ова прашање, туку тоа е моментална тактика.
– Да бев странски дипломат, ќе прашав кој е вашиот вистински став, тој од вчера или денешниот, лево или десно. Прашање е на нашата политика и дали оваа влада се држи до некоја друга стратегија освен стратегијата за останување на власт – посочи Душко Лопандиќ, предводник на движењето „Срце“ и поранешен амбасадор на Србија.
Лошиот газда, предрасудите и ЕУ „незамислива без Србија“
Истовремено, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на средба со албанскиот претседатетл Бајрам Бегај изјави дека Косово било српско, но дека Србија го изгубила затоа што била лош газда.
Милановиќ изненади и со изјавата дека Албанија денеска ќе беше пред влегување во ЕУ, но дека Европејците имаат предрасуда кон исламот и општо кон Балканот.
Албанскиот премиер Еди Рама во италијанско ток-шоу изјави дека не може да го замисли проширувањето на ЕУ без Србија и дека Албанија треба „да ја држи Србија многу блиску“ и да направи сè за да постигне политико единство со неа, пренесе Газета експрес.
– Од друга страна, се разбира дека има разлики, бидејќи Србија не ја санкционираше Русија од јани причини кои во одреден момент мора да се сфатат како политички и историски, но и од прагматична природа – додаде Рама на прашањет дали Албанија се плаши од тоа што Србија би можела да влезе во Унијата, а блиска со Русија.