More

    Психотерапевтката открива дека искреноста на Роби Вилијамс ќе им помогне на многу парови

    spot_img

    Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд јавно открија дека ретко имаат интимни односи и повеќе сакаат да се милуваат и гушкаат.

    Во неодамнешно интервју Роби откри дека либидото му паднало, откако престанал да зема тестостерон за да може да ја третира депресијата.

    По неговата искрена изјава, Луси Бересфорд, психотерапевт од Велика Британија, во прво лице говори зошто овој потег на Роби ѝ се допаднал.

    – И искрено да ви кажам мило ми е за неговата изјава, тие открија дека се во среќен брак и дека недостигот од секс не мора да го убие бракот. Кога живееме во свет каде најголем мит е дека сите други имаат многу и фантастичен секс, за многу парови искреното интервју на Роби е утешително – вели Бересфорд.

    Таа додава дека навистина најважно е да проверите дали двајцата сте среќни со малку или речиси без секс. И ако двајцата имате ист став и ја одржувате врската со други работи, кои ги правите еден за друг, тоа е прекрасно.

    – Да се знае колку е точната бројка на парови кои немаат секс или им е сведен на минимум е тешко да се знае, затоа што тоа е тема за која не се говори многу јавно. Но, според некои истражувања се проценува дека околу 15-20% од брачните парови се во „брак без секс“, а некои истражувања тврдат дека ова е случај со дури една четвртина од браковите – рече психотерапевтката.

    Бересфорд наведува дека најчести причини за ова се проблемите со менталното здравје, како и примањето терапија и лекарства за различни здравствени состојби. Токму и затоа интервјуто на Роби е толку брилијантно.

    – И сосема е во ред да се сакате и да сакате да се направите среќни. Ако во вашиот брак нема секс, тоа не значи дека нема љубов. Ако сакате да го вратите сексот во бракот, тогаш може да побарате помош од експерти во областа, но ако сте среќни со ситуацијата, тогаш е во ред. Периодот без секс може да ви даде шанса одново да процените каков тип на интимност сакате во бракот и што ве исполнува, без разлика дали тоа е грижа за децата или реновирање на домот или пак прегратки и праќање на љубовни пораки. Ако ситуацијата функционира за двајцата, супер! Фала Роби за искреноста… – вели Бересфорд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img