Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато по превртување на траект во близина на источниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти во петокот националната агенција за пребарување и спасување.
Фериботот превезувал околу 74 луѓе до малиот остров Танјунг Пинанг во близина на соседен Сингапур и се сомнева дека удрил во труп околу 30 минути откако испловил, соопштија официјални лица.
Во тек е потрага по едно лице кое се уште се води како исчезнато, соопштија од спасувачката служба и додаваат дека се уште добиваат пријави од очевидци.