More

    Бугарите сами ќе си го слават Гоце Делчев, не им било дојдено до општи прослави

    spot_img

    Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, вели дека нема да има заедничко чествување со Македонија на годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај.

    Тој очекува дека оние кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше роденденот на војводата.

    – Ќе организираме прослави во Бугарија за Гоце Делчев, затоа што во оваа фаза не мислиме да има општи прослави. Се надеваме дека амбасадорот на Северна Македонија ќе присуствува на чествувањата во Бугарија, а бугарските граѓани кои сакаат да одат, не можеме да им кажеме да не одат, но мора да знаат дека може да наидат на пречки – вели шефот на бугарската дипломатија во изјава која што ја пренесува БНР.

    Ваквите најави на Милков следуваат откако на 4 феваруари во Скопје во тензична атмосфера и со засилени полициски контроли беше одбележана 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

    Пристап до црквата „Свети Спас“, беше строго ограничен, по најавите за непосакувани сценарија на денот на прославата, можни инциденти и провокации.

    Настанот од висок ризик го крена на нозе државниот врв, кој го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите неопходни мерки за да се избегнат „црни“ сценарија. Полицијата со денови „стражареше“ во близина на црквата Свети Спас, а зајакната беше и контролата на граничниот премин со Бугарија.

    Софија реагираше дека голем број нивни граѓани биле задржани на границата и не им било дозволено да присуствуваат на чествувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img