More

    Ковачевски ја повика опозицијата барем еднаш да застанат зад стратешките интереси на државата

    spot_img

    Договорот со „Бехтел и Енка“, како и секој договор подразбира приватност и доверливост. Тоа го има секој договор потпишан меѓу која било влада со која било меѓународна голема мултинационална компанија, во кои одредени делови мора да бидат доверливи, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

    Одговарајќи на пратеничко прашање на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски посочи дека се работи за странски сериозни и реномирани компании и додаде дека ова е пракса и на другите договори кои тие ги практикувале и во други земји. Тие доверливи информации се однесуваат на технологијата на работа на секоја договорна страна, на начинот на нивните пресметки…, и тоа, како што нагласи, не е никаков криминал и корупција.

    Премиерот потенцира дека ова не прв ваков договор кај нас и додаде оти мора да се почитуваат деловните тајни на компаниите.

    – Но, тоа во никој случај не значи дека Владата крие нешто што е од интерес на јавноста и нешто што би имало некакви негативни ефекти врз граѓаните. Клучните елементи од договорот кои се од интерес за јавноста никогаш не биле тајна, како што е вредноста на договорот, начинот на реализација на договорот, како ќе се трошат парите на граѓаните – рече Ковачевски.

    Во однос на транспарентноста, премиерот потенцира дека нема ништо тајно.

    – Овој договор се подготвува две години, од носењето на специјалниот закон, преку Управувачкиот комитет, преку потпишувањето на договорите со надзорот и со „Бехтел и Енка“, сите клучни точки и суштината беа пред очите на јавноста – рече Ковачевски.

    Ковачевски тврди дека сите постапки со овој договор се испочитувани согласно законот донесен од пратениците од ова Собрание.

    Премиерот Ковачевски потсети на поднесените амандмани од Левица и додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се кријат за нив. Според него, Димитар Апасиев ја води дебатата и ги води постапките на вкупната опозиција која, како што рече, седи на левата страна во Собранието.

    Ковачевски нагласи дека договорот со „Бехтел и Енка“ е потпишан согласно закон, ги поминал сите филтри кои се потребни и потоа министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта го имаат потпишано. Тој договор на барање на Јавното обвинителство е во постапка на доставување од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

    Според премиерот, на крајот ќе има проект кој ќе биде реализиран, а динамиката на проектот ќе зависи од блокадата која, како што рече, во Собранието ја прави вашиот шеф Димитар Апасиев, а вие ја поддржувате.

    – Во амбасадите одите како мачиња, предете, велите ние се поддржуваме, ама Левица ги поднесе амандманите, рече Ковачевски, повикувајќи ги пратениците од опозицијата еднаш да застанат зад стратешките интереси на државата.

    На денешната седница во собранието на Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова постави пратеничко прашање до Ковачевски кој е премиер во Македонија тој или Груби, поради тоа што не го објави договорот за коридорите јавно.

    – Господине Ковачевски одговоривте на местото на Бочварски кој што не беше присутен, заради тоа што очигледно бега од одговорност, и како може некој да биде подносител на закон а да нема извршено увид во договорот – истакна Панова.

    Панова му посочи на Бочварски дека одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси бидејќи тој единствениот потписник на договорот.

    – Одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси, според членот 353од законот според кој службено лице со пречекорување на границите на своето службено овластување нанесува штета ќе се казни со казна закон од 6 месеци до 3 години дополнително ако делото е вршено при јавна набавка или на штета на буџетот сторителот ќе се казни со казна од 5 години, вие господине Бочварски сте единствен потписник на ваквиот штетен договор – нагласи Панова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img