More

    Земјоделците го сушат античкото балканско Преспанско езеро старо и до пет милиони години

    spot_img

    Земјоделците го сушат античкото балканско Преспанско езеро старо и до пет милиони години, пишува Франс24, неконтролирано пумпајќи го. Езерото пресушува и поради климатските промени, но и 65 тони пестициди кои годишно се користат во областа, хемикалии кои стигнуваат до водата преку истекување. Тука се мисли на насадите со јаболка, а јаболката пак, прават 70 отсто од економијата на Преспа.

    Речиси 2.000 ретки и ендемски видови риби, птици и цицачи заедно со низа флора зависат од водата на ова езеро на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Албанија. Француската агенција АФП вели дека водата се губи со алармантна брзина.

    Високите температури значително го намалиле снегот низ годините. Водата на места се повлекувала и до три киломери поради недостигот на дождови. Пресушиле потоците кои се влеваат во езерото.

    – Претходно имаше многу повеќе снег кој можеше да достигне метар или метар и половина, додека во последните години речиси и да нема врнежи од снег – изјави за агенцијата АФП чуварот Горан Стојановски, кој повеќе од една деценија правел мониторинг на езерото во Северна Македонија.

    Други експерти се согласуваат, наведувајќи различни начини на кои ефектите од климатските промени доведоа до постојан пад на езерото.
    Од 1984 до 2020 година Преспанското езерото изгуби седум проценти од површината и половина од својот волумен, покажува истражување на кое се повикува НАСА. Загадувањето на езерото доведува до цветање на алгите, а многумина стравуваат дека ќе создаде мртви зони.

    Активистите бараат преминување кон органско земјоделство и инвестирање во одржлив туризам за да се помогне во ширењето на свеста.

    Во последните години беа покренати безброј иницијативи за подобро управување со штетните последици од земјоделскиот сектор. Во рамките на еден проект беа изградени осум метеоролошки станици. Станиците собираат податоци кои им даваат на земјоделците подобри информации за тоа кога да прскаат пестициди, што резултира со намалување на нивната употреба за 30 проценти.

    – Со намалувањето на бројот на третмани, имаме поголем економски бенефит и ја подобруваме заштитата на животната средина – изјави за АФП Фросина Ѓорѓиевска, 56-годишна одгледувачка на јаболка која живее во Ресен.

    Повеќето експерти веруваат дека треба да се направи многу повеќе за да се заштити иднината на езерото, вклучително и подобра имплементација на низата договори потпишани од Северна Македонија, Албанија и Грција во 2012 година.

    Која било промена на Преспанското Езеро ќе се почувствува и на Охридското, кое е на 10 километри од другата страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img