Луксузниот станбен комплекс „Нови Дорќол“ по просечна цена на метар квадратен успеа да го надмине речиси недостижниот „Белград на вода“, пишува порталот Нова.рс.
Разликата во просечната цена за квадрат на овие локации, како што пишува Нова.рс, не е драстична, но сепак постои – „Нови Дорќол“ води на „Београд на вода“ со 4.430 евра наспроти 4.215 евра.
„Нови Дорќол“ е станбено-деловен комплекс од 20.000 квадратни метри лоциран во белградската општина Стари Град, на улицата Венизелосова, а се состои од 347 станови, кои варираат од 34 до 230 метри квадратни.
Распоредот на цените на метар квадратен во оваа населба се движи од 3.778 до 4.645, па стигнуваме до просечна цена од 4.430 евра за метар квадратен.
И покрај тоа, Белград на вода не го загуби тронот кога станува збор за индивидуалната цена на становите и квадратите. Сега традиционално најскапиот квадрат од почетокот на годинава се продаваше токму таму за 11.474 евра.
Најскапиот стан што е продаден во првите три месеци од годинава е платен за 2,6 милиони евра, но не е ни најскапиот квадрат. Имено, се работи за недвижен имот од 383 метри квадратни, што значи дека еден квадрат чинел околу 6.800 евра.
Затоа, „шампионската“ цена за метар квадратен очекувано се наоѓа во Белград на вода. Имено, станот платен околу 1,6 милиони евра е со површина од 143 метри квадратни, што значи дека метар квадратен чинел дури 11.474 евра.
Сепак, не сите станови на оваа локација спаѓаат во најскапата категорија. Имено, на оваа престижна локација најниската цена за метар квадратен била 3.264 евра, пренесува Нова.рс.