Американската пејачка Тејлор Свифт во моментот е на турнејата „Ерас“ и пред неколку дена настапи во Хјустон, а на тој концерт доживеа мала несреќа, која не остана незабележана од нејзините најверни фанови.
rИмено, Свифт во добар дел од концертот пеела со огромна отворена рана на левата дланка. Фановите тоа веднаш го видоа и на социјалните мрежи кружат неколку видеа на кои се гледа голема крвава рана на нејзината рака, а обожавателите дури направија компилација од видеа на кои се гледа како Свифт се обидува да ја закрпи раната со разни завои и гипс, во паузите, но никако не успевала.
На крајот проговори и самата пејачка која објасни како дошло до несреќата.
„За оние кои прашуваат како добив расекотина на раката, јас сум добро и сето тоа беше моја вина. Се сопнав на работ на фустанот и паднав во мракот зад сцената додека трчав да се пресоблечам. Сето тоа е поврзано со ретроградниот Меркур. Не грижете се за мене, добро сум“, напиша Свифт.
Бројни корисници на социјалните мрежи ја пофалија за нејзината професионалност.
„Тејлор е вистински професионалец“, „Раната со која се здобилаа изгледа доста болно, но таа сепак направи одличен концерт“, „Убаво од неа што објасни што се случило“, се само дел од коментарите.
ФОТО: ТикТок/Твитер