Причината за трагичната смрт на Сент Вон Колучи била естетската хирургија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Причината за трагичната смрт на Сент Вон Колучи била естетската хирургија. Наводно отишол на една пластична операција за да му ги извадат имплантите од вилицата, но добил инфекција и починал неколку часа подоцна.

Канадскиот актер Сент Вон Колучи почина откако потрошил 220.000 долари на дури 12 операции бидејќи сакал да личи на К-поп ѕвездата Џимин од бендот БТС. Сент имаше 22 години.

 

Актерот починал во болница во Јужна Кореја по компликации предизвикани од операцијата на вилицата. Тој одлучил да се оперира бидејќи сакал да глуми музичар во една серија.

Странските медиуми јавуваат дека тој во саботата отишол на операција за да ги извадат имплантите од вилицата кои му биле ставени во ноември минатата година, но добил инфекција и морал да биде интубиран, а само неколку часа подоцна починал.

– Тоа е многу е трагично и многу тажно – изјавил неговиот публицист Ерик Блејк за „Дејли мејл“.

Ерик работел со Сент нешто повеќе од една година и рекол дека за тоа време отишол „под нож“ дури 12 пати, вклучувајќи операции како што се затегнување на лице, операции на носот, вградување импланти, намалување на усните и мноштво други операции.

Тој исто така тврди дека неговиот клиент бил свесен за сите ризици од операцијата на вилицата, но сепак продолжил со својот план да личи на Џимин од популарната К-поп група БТС.

 

- Advertisement -
Ad image

– Беше многу несигурен за својот изглед. Имаше многу квадратна вилица и брада и не ја сакаше таа форма бидејќи мислеше дека е премногу широк и сакаше V-форма, форма каква што имаат многу Азијци – изјавил Ерик.

Сент првпат отишол во Јужна Кореја во 2019 година за да се обиде да се пробие во светот на музичката индустрија. Сепак, тоа не му помогнало и се чувствувал дискриминиран поради неговиот западен изглед, од кој на крајот реши да се ослободи, што го чинело живот.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Јутјуб/Инстаграм

Share This Article