Кристина Ештен Гуркан (34), позната како двојничка на старлетата Ким Кардашијан и модел од ОнлиФенс (OnlyFans), починала по срцев удар кој го доживеала по пластична операција.
Сега нејзиното семејство бара од сите кои ја познавале да донираат пари за нејзиниот погреб, бидејќи моментално немаат финансиски средства, пишува „Дејли мејл“.
За таа цел, семејството отвори страница на GoFundMe за собирање средства.
Од девојката се простила и Магдалена, една од најпознатите „зависнички од пластична хирургија“ во светот.
„Не ја познавам, но ја гледав на Инстаграм и си мислев дека е навистина убава. Тажно е што почина. Ттоа е толку страшно, секогаш постои тој страв од смртта“, навела таа.
Магдалена, исто така, ги предупредила другите за опасностите од пластичните операции и ги повикала обожавателите да „најдат добар лекар“ за да ја намалат можноста нешто да тргне наопаку.