Претседателката на Судскиот совет прва жртва на писмото на Агелер, ја разреши заменикот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми. По кавгите кои траеа скоро четири часа, а откако Дамева одби да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик реши да се гласа со кревање рака. Седум членови го поддржаа заменикот, кој го презеде раководењето на седницата при нејзино присуство, објави Макфакс.

– Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена – констатираше заменикот претседател на Судски совет, Селим Адеми.

Дамева бараше да се констатира дека ѝ е одземено раководењето со седницата иако таа е присутна.
– Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Ова не знам како ќе заврши, освен што одредени лица од политиката ќе бидат задоволни. Судскиот совет се вклучи во анархија. Сѐ излезе од контрола. На мое присуство ми зема право на збор. Избор се прави со осум гласа, а се зема мандат со седум гласа – додаде Дамева.

Share This Article