More

    Италијанската невладината организација „Second tree“ ја објави приказната за мигрантката од Сиера Леоне која полицаец од Македонија со службен пиштол ја застрела кај касарната во Гевгелија ловејќи шверцери на мигранти

    spot_img

    Италијанската невладината организација „Second tree“ ја објави приказната за мигрантката од Сиера Леоне која полицаец од Македонија со службен пиштол ја застрела кај касарната во Гевгелија ловејќи шверцери на мигранти.

    „Фатмата е мртва. Таа беше застрелана од полицијата во Северна Македонија во средата. Само што ја премина границата од Грција, која не ѝ даде азил, правејќи ја невидлива, не-личност.

    Но, таа беше личност. Таа беше топла, ентузијастична и полна со радост. Ако не сте занеле, никогаш немаше да погодите дека живеела во бегалски камп. Имаше 23 години. Беше полна со живот: секогаш спремна да ги сподели своите сила и енергија, и особено да танцува. Ох, таа навистина сакаше да танцува. Таа танцуваше и пееше со сиот глас, како што вели нејзината сестра Бинтиа. Замислете ја како таква, зашто ние така ќе ја запомниме. Таа беше дел од заедницата Second Tree.

    Таа беше многу вљубена во својот сопруг, Абу Бакар. Тие се познаваат уште од деца и честопати еден на друг си велеа: ‘Ти си ми сѐ!’
    Толку видливо беше дека се сакаат што на шега им велевме: ‘Се надевам дека ќе најдам некој кој ќе ме сака на тој начин!’

    Два месеци пред да биде убиена, Фатмата му кажала на Абу Бакар дека е бремена. Немаа документи ниту пари за тест. Абу уште не знае дали нивното прво дете почина со сопругата.

    Абу Бакар беше со Фатмата кога ја застрелаа. Таа го извикувала неговото име, а тој молел за помош. Видеото на кое се гледа Абу Бакар како ја гушка Фатмата и го извикува нејзиното име додека таа крвари на подот од прострелната рана, остава само празнина.

    Му беа ставени лисици на рацете, го возеа неколку часа и го ставија во притвор еден ден без информации за неговата сопруга. Потоа, му било понудено да го превезат и да го остават на границата со Србија за да го продолжи патот. Секако, тој сакал да остане и рекол: ‘Сакам правда за Фатмата’.

    Од нашиот тим, Џовани и Џулиет се со Абу Бакар во Северна Македонија. Тој сѐ уште не знае каде е телото на Фатмата и бара да ја види од денот кога ги разделиле. Тој има адвокат и решителност да бара правда. Ние ќе направиме сѐ што можеме за да го поддржиме него и семејството на Фатмата.

    Абу Бакар ја избра фотографијата за оваа објава. Тој ја направи фотографијата пред да заминат за да има спомен од тој ден. Откако ја направи фотографијата, Фатмата му рекла: ‘Сите врати сега ни изгледаат затворени ама друга врата ќе се отвори за нас. Иднината ќе биде добра’.

    Кога прв пат го прашавме Абу Бакар што ти треба најмногу во моментов. Тој рече: ‘Сакам светот да дознае за ова’. Истата изјава ја добивме од семејството на Фатмата која е најмлада од своите 5 браќа и сестри. На вести ќе прочитате само ‘млад мигрант’ застрелан од полицијата, но луѓето кои ја сакаат Фатмата сакаат сите да знаат дека зад таа празна етикета стои бесценет и уникатен карактер.

    Последиот пат кога разговаравме со Мариату, мајката на Фатмата, таа нѐ замоли нас и го моли светот: ‘Ве молам, ве молам не ја заборавајте’“, пишува во објавата на невладината „Second tree“.

     

    И македонското обвинителство објави детали за овој случај.

    „Полициските службеници од полициската станица на граничниот премин „Богородица“ вчера, во раните утрински часови, при вршење работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на местото Стара касарна во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач со патничко возило марка ‘форд фокус’ што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат.

    Првоосомничениот пак, во патничко возило марка ‘мерцедес’ со бугарски регистерски ознаки, кои минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и почнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со ‘Стој полиција’.

    Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото“, беше наведено во соопштението од Јавното обвинителство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img