Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 куќи се уништени од пожарите што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната. Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото гаснење.
„Пожарот уништи 178 објекти, вклучувајќи 134 станбени згради и 32 нестанбени згради“, соопшти Министерството на Телеграм.
Пожарот се проширил кон селата Шосва и Тајежни и проголтал вкупно повеќе од 11.000 квадратни метри.