More

    Остров во форма на морско коњче во Дубаи урна рекорди со цената

    spot_img

    Парцела на островот Џумеира Беј во Дубаи на површина околу 2.000 квадратни метри во форма на морско коњче ја купи анонимен купувач за 30 милиони евра.

    На островот нема вили со поглед на океанот, ниту барови, дури ни камионче за сладолед. Тоа е „само“ празна песочна плажа. Оваа парцела е всушност дел од вештачкото островче во облик на морско коњче, оддалечен од копното на градот, но достапен преку мост. Ендрју Камингс, раководител на агенцијата за недвижности „Најт Френк“ во Дубаи, изјави дека со продажбава е урнат рекордот.

    – Тоа се 30 милиони евра за песок… Досега во медиумите се споменуваше продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за парцела – вели тој.

    Камингс објасни дека имало само 128 парцели за продажба на островот Џумеира Беј, а сите биле распродадени пред повеќе години.

    Купувачот кој сакаше да остане анонимен, му донесе на продавачот добивка од околу 21 милион евра. Претходниот сопственик за истиот простор пред две години платил 9 милиони евра, но вредноста на песокот во меѓувреме се зголемила.

    Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира изградба на семејна викендичка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img